Традиционално и оваа година, Општина Свети Николе и Извидничкиот Oдред “Гоце Делчев” за 1 мај ќе се обидат да ја подигнат еколошката свест на граѓаните на Општина Свети Николе со цел нашите излетнички места да останат чисти. На 1 Мај ќе се делат флаери и вреќи за отпад пред влезовите на излетничките места Ѓуриште и брана Мавровица.