Општина Свети Николе имаше чест да ги пригости учесниците на воената вежба „Одлучен удар„ на која земаат учество покрај припадниците на АРМ и припадници на НАТО силите.
На несекојдневниот настан , се прикажа дел од воената опрема со која располагаат и која се користи на воената вежба, од воен хеликоптер , транспортери до лесно оружје .
Интересот кај граѓаните, а посебно кај најмладите беше навистина голем, а професионалноста на војниците беше на највисоко ниво ,покажувајќи ги до ситница сите детали во врска со користење на целата опрема.
Во рамките на манифестацијата се одигра и натпревар во мал фудбал помеѓу локалната самоуправа и екипа составена од припадници на АРМ и НАТО.