Почитувани сограѓани,
На прагот сме да го пречекаме најголемиот христијански празник Велигден, денот кога е извојувана најголемата победа на човекот, победа на животот над смртта , победа на доброто над злото.
Оваа година, празникот го дочекуваме во една голема битка против невидлив непријател кој безмилосно пркоси и одзема човечки животи низ целата земјина топка. Оваа борба верувам дека не сплоти сите и во неа дојдоа до израз вистинските човечки вредности, љубовта, семејството, пријателството, хуманоста , солидарноста.
Посакувам , сите да излеземе победници и од оваа битка, а празникот да го дочекаме во добро здравје, мир, семејна хармонија и благосостојба.
Воедно би сакал да упатам порака на сите христијани во сабота на полноќ да излеземе на своите тераси со запалени свеќи и да ја дочекаме радосната вест за Воскресението Христово !
Ви посакувам среќни Велигденски празници!!!!
![Фотографија на Сашо Велковски - Градоначалник на Општина Свети Николе.](https://scontent.fskp1-1.fna.fbcdn.net/v/t1.0-0/s480x480/94116936_738930653308369_66510995962462208_n.jpg?_nc_cat=106&_nc_sid=8024bb&_nc_ohc=9S6SdqK7RsEAX-KOgoA&_nc_ht=scontent.fskp1-1.fna&_nc_tp=7&oh=5460a57f84f2e3fa1a402830c5c74cd9&oe=5EC2AA34)