Завршуваме уште еден значаен инвестиционен проект во општина Свети Николе.
Целосна реконструкција на патниот правец од надпатникот од с.Пеширово до с.Ерџелија во должина од 2км .
Вредноста на инвестицијата е 8.300.000 денари, а финансиските средства се обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и Општина Свети Николе. Остануваат во тек работите со банкините и испустите за атмосферска вода.
Воедно, санирани се и поголем дел од ударните дупки во с.Ерџелија.
Со ова , после 50 години , конечно го решаваме горчливиот проблем на граѓаните од овој регион во овчеполието.
За две години, успеавме комплетно да го реконструираме овој патен правец од с.Пеширово до с.Ерџелија во должина од 3.5 км. Вкупната инвестиција за истиот е 13.500.000 денари, тоа го ветивме во предизборјето, дојде ред и да го исполниме.