По повод годишнината од ослободувањето на Свети Николе, на свечен начин се отвори изложбата на „Ѓуришката ликовна колонија 2020“.
Нашите сограѓани имаат можност да ги погледнат 24-те прекрасните уметнички дела на авторите кои учествуваа на колонијата .Свети Николе и во услови на пандемија може да организира вакви културни настани кои веруваме дека ќе побудат интерес кај нашите граѓани.