По повод месец борба против ракот на дојка Општина Свети Николе , вклучително со КЕММЖ на општина Свети Николе и координаторка на комисијата за еднакви можности , формира работен тим во кој учествуваат покрај претставници на општината и претставници од ОЖО Свети Николе, ГИЖ Свети Николе, Здружение на пензионери и Здружение на подржувачи на борците од НОБ, локалните основни училишта, Домот на култура како и женските активи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ , кој и оваа година продолжи и заеднички се вклучи во кампањата СВЕТИ НИКОЛЕ ВО РОЗОВО-2020, со цел подигање на свеста за превенција од рак на дојка.
Врз основа на можностите, а во рамки на обележување на кампањата СВЕТИ НИКОЛЕ ВО РОЗОВО – 2020, работниот тим заеднички се договори за реализирање на активности со печатење на промотивен материјал ( постери и флаери) а до крајот на месецот зградата на Општина Свети Николе ќе биде осветлена во розово.
Главно мото на кампањата е : Никој не може да направи се, но секој може да направи нешто, посебно кога станува збор за превенцијата од малигните болести.