Водич за иновации за МСП и Водич за финансирање иновации за МСП

Почитувани,

Одделението за Локален економски развој и јавни дејности преку своите начини на информирање на сите Мали и Средни Претпријатија (МСП) од Општина Свети Николе проследува 2 документи и тоа Водич за иновации за мали и средни претпријатија и Водич за финансирање иновации за мали и средни претпријатија со цел истите да имаат полесен пристап до потребни информации поврзани со иновациите како и голем дел на национални и европски извори на финасирање за истите.


Преку Водичот за иновации за мали и средни претпријатија (МСП) се обезбедуваат информации за основните алатки што се применуваат во разните МСП за поддршка на иновациите и е наменет да помогне во процесот на одлучување за корисноста од примената на одредена иновациска алатка, колку таа одговара на определените цели и работното опкружување. Воедно, истиот претставува прв сеопфатен практичен прирачник од областа на иновацискиот менаџмент достапен на македонски јазик.

Со самиот Водич за финансирање иновации за мали и средни претпријатија пак се дефинира улогата и важноста на финансиите за иновацискиот процес, воедно ги опишува актерите и механизмите во процесот на финансирање иновации и нуди преглед на Европски и национални извори и можности за финансирање.

Документите, може да се прегледаат и превземат тука:

Водич за иновации за мали и средни претпријатија

Водич за финансирање иновации за мали и средни претпријатија

Двата документи се наменети како за персоналот на МСП така и за лица кои не го поседуваат севкупното познавање на многуслојниот иновациски процес, а кои сакаат или мораат да ги спознаат основите на една успешна иновациска практика. Следствено, адресирани се и потребите на услужниот персонал, маркетинг персоналот, студентите, консултантите и сите останати кои се стремат кон поголемо знаење во областите поврзани со економијата и иновациите или кон поголема конкурентност и иновативност во нивните компании.

Документите се дел од Проект „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“ кој е финансиран од Европската унија. – подетално на следниов линк http://www.yes.org.mk/Media/News.aspx?n=691&r=6&l=63&c=22

На овој начин самото одделение сака да ја поттикне и зголеми иновативноста како и да ги доближи Националните и Европските извори за финансирање на МСП од територијата на Општина Свети Николе а со тоа да се зголеми конкурентоснота и иновативноста кај Нив и да поттикне отварањето на нови работни места во истите.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora