се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “ОКО сервис 10 (Општествено корисна општина)” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Свети Николе.
Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест)месецин/9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);
– млади лица до 29 години и
– лица постари од 50 години.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
– Работно место 1: Негователи во Детска градинка
Позиции за работно место 1: 5 негователи
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:
ССС – средно медицинско училиште, средно образование – насока гимназија, средно музичко училиште, средно ликовно училиште, средно фискултурно образование; Да поседува важечка лиценца за неговател издадена од Комисија за лиценцирање на стручни лица во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и на директори на установи за деца при МТСП; Способност за работа со деца, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката. Кандидатите треба да се активни баратели на работа. |
– Работно место 2: Воспитувач во Детска градинка
Позиции за работно место 2: 1 воспитувач
Потребни квалификации и занимања за Работно место 2:
ВСС – дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание и дипломиран педагог – со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1степен или лице со завршени студии за одделенска настава; Да поседува важечка лиценца за воспитувач издадена од Комисија за лиценцирање на стручни лица во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и на директори на установи за деца при МТСП; Способност за работа со деца, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката. Кандидатите треба да се активни баратели на работа. |
– Работно место 3: Социјален работник во Дневен центар за лица со попреченост
Позиции за работно место 3: 1 социјален работник
Потребни квалификации и занимања за Работно место 3:
ВСС – социјална работа и социјална политика; Способност за работа со лица со попреченост, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката. Емпатија, отвореност, недискриминирачки пристап и толеранција кон различности; Способност да оствари позитивна релација со ранливи категории на лица и стекнување на нивната доверба. Кандидатите треба да се активни баратели на работа. |
– Работно место 4: Психолог во Дневен центар за лица со попреченост
Позиции за работно место 4: 1 психолог
Потребни квалификации и занимања за Работно место 4:
ВСС – дипломиран психолог; Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување, изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност, сензибилизираност за работа со лица со попреченост. Емпатија, отвореност, недискриминирачки пристап и толеранција кон различности; Способност да оствари позитивна релација со ранливи категории на лица и стекнување на нивната доверба. Кандидатите треба да се активни баратели на работа. |
– Работно место 5: Фасилитатор во Општина Свети Николе
Позиции за работно место 5: 1 фасилитатор
Потребни квалификации и занимања за Работно место 5:
ССС – општа гимназиска струка; Основно познавање на работа со компјутери, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство. Кандидатите треба да се активни баратели на работа. |
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Свети Николе во периодот од 09.06.2023 година до 16.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Свети Николе и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Свети Николе кај лицето Ивана Димитрова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Свети Николе, кај лицето Сања Јовановска, Центар за социјлна работа Свети Николе кај лицето Александра Саздевска.