Поради неисполнување на критериумите од Јавниот повик 0903-71/2 објавен 22.08.2023 г. како и повторен Јанен повик бр. 0903-71/2 од 09.10.2023 г. Поради непристигнати доволен број на пријави Градоначалникот на Општина Свети Николе согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20), член 40-г од Статутaрната одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Свети Николе („Службен гласник на Општина Свети Николе“ бр.3/23) и Одлуката за давање согласност за распишување Јавен повик за свикување иницијативен одбор за конституирање на локалното собрание на млади на Општина Свети Николе бр.0801-446 од 06.07.2023 година („Службен гласник на Општина Свети Николе“ бр.9/23), Општина Свети Николе објавува
Втор Повторен ЈАВЕН ПОВИК
за формирање Иницијативен одбор за конституирање Локално собрание за млади на Општина Свети Николе
Јавниот повик се распишува за основање на иницијативен одбор во општина Свети Николе, кои ќе бидат дел од иницијативата за основање локален младински совет во општина Свети Николе.
Иницијативниот одбор ќе го сочинуваат 5 члена.
Членови на иницијативниот одбор можат да бидат млади лица (момчиња и девојчиња) номинирани од младински организации или друг тип младински структури од општина Свети Николе. Иницијативниот одбор ќе го води основањето на локалниот младински совети, ќе работи на креирање на структурата на телата и промоција на потребата од младинско организирање и младинско учество на локално ниво. Исто така организациите мора да имаат активности на подрачјето на Општина Свети Николе без разлика каде се регистрирани.
Членовите на иницијативните одбори ќе бидат континуирано вклучени во активностите за формирањето на локалниот младински совет, се до формирањето на Основачко локално собрание на млади (конститутивна седница на Локалното собрание за млади).
Улога и задачи на Иницијативниот одбор:
- Поддршка на Општина Свети Николе во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на Локалниот младински совет,
- Распишување јавен повик за Конститутивното Локално собрание на млади во согласност со Статутот на Општина Свети Николе по принципот на јавност и транспарентност,
- Соработка со Општина Свети Николе при организација и одржување на конститутивната седница на Локалното собрание за млади.
Критериумите за организациите кои сакаат да номинираат свој претставник како член во иницијативниот одбор се следните:
- Да се младински здруженија,
- Организации за млади,
- Подмладоци на политички партии,
- Средношколски или студентски заедници/организации,
- Спортски друштва,
- Културно-уметнички друштва,
- Други форми на здружување на млади, формални или неформални здруженија на млади;
- Да се регистирани и/или делуваат на подрачјето на општина Свети Николе
- Да имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво.
Напомена: Избраните членови не се ограничени во понатамошно членување во Локалното собрание на млади и Локалниот младински совет.
Kритериуми кои треба да ги исполнуваат младите лица кои сакаат да се вклучат во иницијативниот одбор сe:
- Да бидат жители на општина Свети Николе,
- Да бидат на возраст од 15 – 29 години,
- Да бидат креативни и способни за индивидуална тимска работа
- Да имаат интерес за унапредување на локални младински политики;
- Да имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво.
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
- Пријава за номинација за член во Иницијативен одбор (Прилог бр.1)
- Портфолио на организацијата/групата/здружението, (освен за политички подмладок)
- Годишна Програма за работа
- Извештај за работата на здружението за 2022 година или друг документ во кои се наведени реализираните активности со млади, младински политки и иницијативи во општината.
- Писмо за номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации (Прилог бр.1)
- Кратко мотивационо писмо од страна на предложениот кандидат и кратка биографија
- Изјава за согласност за користење на лични податоци од номинираното лице (Прилог бр.2)
- Изјава за согласност за прифаќање на номинацијата (Прилог бр.3)
Начин на пријавување:
Пријавите со потребната документација во еден оригинален примерок, потпишана од одговорното лице на организацијата, се доставуваат во електронска форма скенирани на е-маил адресата на службеникот за млади на Општина Свети Николе ler@svetinikole.gov.mk и задолжително до архивата на Општина Свети Николе секој работен ден од 07:30-15:00 часот со назначување:
“До Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Свети Николе со Назнака: Повторен Јавен повик – За формирање Иницијативен одбор за конституирање Локално собрание за млади на Општина Свети Николе “
Период на траење на јавниот повик: Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Свети Николе, односно од 31.10.2023 година.
Краен рок за поднесување на пријави: Крајниот рок за поднесување на пријави е 10.11.2023 година до 15:30 часот.
Пријавите доставени по истекот на рокот на Јавниот повик нема да бидат земени предвид.
Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат
Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања при Советот на Општина Свети Николе, во рок од 7 дена по завршувањето на рокот за доставување на кандидатури по Јавниот повик, на седница на комисијата ја разгледува целосната документација и Доставува Предлог до Претседатлот на Советот кој им ги верификува мандатите на петте кандидати кои ги исполнуваат критериумите од овој Јавен повик.
Резултатите за избрани членови на Иницијативниот одбор ќе бидат објавени на веб страната на Општина Свети Николе најдоцна седум дена по потпишувањето на решението за верификација.
Лице за контакт и повеќе информации:
Службеник за млади во Општина Свети Николе – Ивица Арсов
Е-маил: ler@svetinikole.gov.mk
Адреса: Општина Свети Николе, ул. Плоштад Илинден бр.12, 2220 Свети Николе
Тел: 032 444 169 лок. 124