На ден 01.05.2018 год. , Извидничкиот Одред Гоце Делчев во соработка со Општина Свети Николе, организираше акција за заштита на животната средина, на која беа поделени над 1000 вреќи за отпадоци и летоци за подигање на еколошката свест. Вреќите и летоците беа поделени на три излетнички места во Општина Свети Николе и тоа: излетничко место „Ѓуриште“ , брана „Мавровица“ и излетничко место „Крушки“.