Улицата Ванчо Ангелов во населбата „Ливади„ деновиве целосно е реконструирана и асфалтирана. Жителите на оваа населба, која минатата година беше погодена од поплавите, бараа од локалната самоуправа на општина Свети Николе, покрај другите активности да се санира и улицата по целата должина. Со средства од Владата на Република Македонија деновиве асфалтирани се 300 метри, со широчина на коловозот од 4,5 метри. Исто така, временските прилики им одат во прилог на екипите од градежни работници на ЈКП „Комуналец“ кои се ангажирани на поплочување на поголем број мали улички и сокачиња со бекатон плочи.За таа цел обезбедени се над 2.700 квадратни метри бекатон елементи за уредување на сите коловозни и пешачки патеки во градското подрачје на Свети Николе.
Скорешни написи
- Објава за оттуѓување на градежно земјиште
- Свети Николе место со најголеми инвестиции во државата во производство на т.н. зелена енергија
- 64-та Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Инсталирани мерни станици за квалитет на воздухот
- Донација на компјутерска опрема ( таблети ) во ОУ Гоце Делчев
Квалитет на воздухот
Моментални вредности:
Агенција за вработување | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
ООУ „Гоце Делчев“ | |
PM2.5 | PM10 | 15.15 | 26.02 |
СОУ „Кочо Рацин“ | |
PM2.5 | PM10 | 15.82 | 28.48 |
ЈЗУ Здравствен дом | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
Дом на културата | |
PM2.5 | PM10 | 23.48 | 36.38 |
Целосен приказ
Кој е онлајн?
Во моментот: 3 посетители

Асфалтирана улицата Ванчо Ангелов