Соработката на локалната самоуправа со кинеската градежна компанија „Синохидро“ изминатите години е на високо ниво. Градежниците од „Синохидро“, се вклучија во реализација на неколку значајни проекти за општина Свети Николе, што се од интерес на граѓаните и за кои локалната самоуправа не одвои ниту денар од буџетот на општината. Имено, кинеската компанија која ги изведува работите на автопатот Скопје – Свети Николе – Штип, чие седиште се наоѓа во нашиот град, по барање на градоначалникот Сашо Велковски, го асфалтираше паркинг просторот кај градската капела, ја поврза клучката „Југ“ на автопатот со патот Свети Николе-Овче Поле, а сега се вклучија и на асфалтирање на улицата „Јане Сандански“ која беше една од најоштетените улици во градот. Кинеската компанија „Синохидро“ е подготвена да работи и на други проекти во обаласта на инфраструктурата во Свети Николе.