Локалната самоуправа на Општина Свети Николе, во рамките на годишната програмата за уништување на комарците, во соработка со компанијата „Бони-ер“, денеска изврши авионско третирање против комарци и други штетни инсекти на територијата на општината. Ова е трето прскање со еколошки препарати кои не се штетни за околината, а ги уништуваат леглата на комарците, истакна градоначалникот Сашо Велковски. Соработката околу заштитата на пчелите, се одвива беспрекорно со здруженијата и индивидуалните пчелари и досега навремано се преземени сите активности за да не дојде до несакани последици за пчелните заедници.