Свети Николе го празнуваше својот патрон , својот заштитник Свети Никола. Во таа чест се одржа утринска литургија во црквата Свети Никола, свечена литија , а пред постаментот на патронот во центарот на градот се сечеше и славски колач. На граѓаните што присуствуваа на свеченоста и голем број на гости им се делеше и свечен славски ручек (посно гравче со риба). Програмата беше збогатена со културно уметничка програма на која зедоа учество нашата група „Македонски табиет„, Кате од „Нели ти реков„ и Круме Спасовски на кои искрено им се заблагодарувам за учеството и ни ја збогатија прославата.