По минатогодишните февруарски поплави локалната самоуправа на општина Свети Николе повеќе месеци интезивно работи на расчистување и регулирање на речните корита на повеќе критични места. Досега се исчистени над 3.000 метри на реките Периш, Мавровица, Поток и Светиниколска река, а чистењето продолжува деновиве во село Мустафино. Се чисти сметот и растенијата со кои се заполнети речните корита со што се овозможува непречен проток на водата. Овие мерки ќе придонесат во наредниот период Свети Николе и светиниколско превентивно да бидат заштитени од поплави.