По многуте акции за чистење, денес Извидниците од Извиднички Одред Гоце Делчев во соработка со Полициската станица од Свети Николе и градоначалникот на Општина Свети Николе г-дин Сашо Велковски спроведоа превентивна акција на најпознатите излетнички места во Општина Свети Николе. За време на оваа акција Извидниците поделија флаери и вреќи за ѓубре со што го свртеа вниманието на излетниците кон проблемот кој секоја година се јавува по завршувањето на прославата на Денот на трудот.