Во еднонеделна посета на општина Свети Николе престојува делегација од општина Еншелсвик од Шведска. Делегацијата која ја предводи Видан Насков светиниколчанец кој живее во Шведска вчера имаше прием кај градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев. На средбата присуствуваше и Билјана Џартова Петровска од Амбасадата на Шведска во нашата земја. И годинава учениците од училиштето од Еншелсвик донираа 1300 евра за потребите на извидничкиот одред „Гоце Делчев“ од Свети Николе. Видан Насков како и секоја година, донираше спортска опрема за фудбалските и ракометните екипи од Свети Николе со порака до сите наши во дијаспората да се вклучат во иницијативата со скромни донации да им помогнат на спорските клубови, невладините организации, граѓанските здруженија, училиштата. Градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев, побара поддршка од Амбасадата на Шведска за проширување на соработката помеѓу двете општини и најави посета на Еншелсвик.