Денеска во Свети Николе беше одржана трибина во рамките на отворените денови на Агенцијата за храна и ветеринарство. На трибината покрај Градоначалникот Зоран Тасев присуствуваа производители на храна и сточарски производи од приватниот сектор и компаниите од Свети Николе. Директорот Зоран Поповски одговараше на прашањата на производителите со цел на подигање на нивотона безбедноста на храната подготвена за потрошувачите во земјата и странство.