На свечен начин беше одбележана 79 годишнината од почетокот на борбите против фашистичките окупатори од Втората светска војна.
По тој повод , делегации од општина Свети Николе, Советот на општина Свети Николе, локални институции, МВР Свети Николе, Здруженија на граѓани и политички организации , положија свежи цвеќиња на спомен обележјата на Лазар Колишевски, Александар Серафимов и на спомен одбележјето на борците од НОБ од нашиот град , како и на спомен обележјето на паднатите борци од с. Горобинци и куќата на нашиот првоборец од Горобинци Стоимен Јованов- еден од главниот организатори на НОВ од нашиот крај.Во рамките на одбележувањето на 11-ти Октомври, на присутните се обрати и претседателот на Здружението на подржувачите од борците од НОБ од нашиот град , кој не запозна со дејствијата и активностите на напредната младина за време на почеток и текот на востанието .
Пред спомен обележјето на борците од НОБ беше промовирани и поставката за сите паднати борци од нашиот крај за време на Втората светска војна.
Борбата на нашите сограѓани , на кои ние им оддаваме почит, допринесе денес да го живееме нивниот сон за самостојна и демократска држава. Затоа, нивните спомен обележја не смееме да ги заборавиме , туку напротив ,истите треба да ги чуваме и одржуваме и секако да ги предадеме на идните генерации, како сведоци на херојските подвизи на нашите сограѓани.