Вработените од локалната самоуправа на општина Свети Николе како и вработени од институции, установи, училишта и Јавното комунално претпријатие, ТППЕ, денеска учествуваа на еколошката акција за чистење на околината на хидроакумулацијата „Мавровица“. Несовесни граѓани, излетници и посетители кај уредените летниковци и крајбрежјето на браната по првомајските празници оставиле поголеми количини смет, пред се пластична амбалажа, лименки, пластични ќеси, шишиња и други отпадоци со што ја нагрдиле сликата за ова излетничко место. Во еколошката акција собрани се десетици вреќи отпаден материјал, кој ќе биде дислоциран на депонијата од страна на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“. Сепак останува пораката за сите излетници и посетители на излетничките места дека треба да ги одржуваме чисти за идните генерации и еколошката свест на сите граѓани да се подигне на повисоко ниво за да ја зачуваме природата и нејзините убавини.
Скорешни написи
- Граѓаните на Свети Николе добија пешачка и велосипедска патека, средствата се неповратен грант од Програмата за рурален развој
- Објава за оттуѓување на градежно земјиште
- Свети Николе место со најголеми инвестиции во државата во производство на т.н. зелена енергија
- 64-та Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Инсталирани мерни станици за квалитет на воздухот
Квалитет на воздухот
Моментални вредности:
Агенција за вработување | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
ООУ „Гоце Делчев“ | |
PM2.5 | PM10 | 14.73 | 29.73 |
СОУ „Кочо Рацин“ | |
PM2.5 | PM10 | 10.45 | 18.90 |
ЈЗУ Здравствен дом | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
Дом на културата | |
PM2.5 | PM10 | 15.95 | 25.67 |
Целосен приказ
Кој е онлајн?
Во моментот: 1 посетители
Еколошка акција