Архиви

Еколошка акција

Вработените од локалната самоуправа на општина Свети Николе како и вработени од институции, установи, училишта и Јавното комунално претпријатие, ТППЕ,   денеска учествуваа на еколошката акција за чистење на околината на хидроакумулацијата „Мавровица“. Несовесни граѓани, излетници и посетители кај уредените летниковци и крајбрежјето на браната по првомајските празници оставиле поголеми количини смет, пред се пластична амбалажа, лименки, пластични ќеси, шишиња и други отпадоци со што ја нагрдиле сликата за ова излетничко место. Во еколошката акција собрани се десетици вреќи отпаден материјал, кој ќе биде дислоциран на депонијата од страна на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“. Сепак останува пораката за сите излетници и посетители на излетничките места дека треба да ги одржуваме   чисти за идните генерации и еколошката свест на сите граѓани да се подигне на повисоко ниво за да ја зачуваме природата и нејзините убавини.

DSCN5112 DSCN5114 DSCN5116 DSCN5119 DSCN5121 DSCN5123 DSCN5130 DSCN5132 DSCN5133 DSCN5137 DSCN5152 DSCN5153 DSCN5158 DSCN5159 DSCN5164 DSCN5165 DSCN5168 DSCN5170 DSCN5171 DSCN5193

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora