Претставници од дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија, заедно со претставници од земјите членки на Европската унија и од партнерските држави, престојуваа во работна посета на општина Свети Николе, каде во рамките на редовните активности спроведоа сеопфатен скрининг на системот за заштита и спасување на локалната самоуправа на Општина Свети Николе. Претставиците од Германија, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Холандија, Словенија, Босна и Херцеговина и Тунис, разговараа со градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски, при што беа детално запознаени со стратегијата и начинот на функционирање на единицата за заштита и спасување. На средбата присуствуваше и директорот на дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски. Во рамките на посетата делегацијата оствари средба со членовите на Доброволното Противпожарно друштво Свети Николе, кое е едно од најстарите во нашава земја, формирано 1935 година и кое до ден денес го одржува континуитетот во справување со кризи во општината. Исто така, преставниците од Европа се запознаа и со работата на Територијалната противпожарна единица, во која се вработени 14 професионални пожарникари, кои со застарена опрема и возила секогаш успешно се справуваат со пожарите во општините Свети Николе и Лозово, а често помагаат на своите колеги во соседните општини.
Скорешни написи
- Граѓаните на Свети Николе добија пешачка и велосипедска патека, средствата се неповратен грант од Програмата за рурален развој
- Објава за оттуѓување на градежно земјиште
- Свети Николе место со најголеми инвестиции во државата во производство на т.н. зелена енергија
- 64-та Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Инсталирани мерни станици за квалитет на воздухот
Квалитет на воздухот
Моментални вредности:
Агенција за вработување | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
ООУ „Гоце Делчев“ | |
PM2.5 | PM10 | 8.85 | 17.42 |
СОУ „Кочо Рацин“ | |
PM2.5 | PM10 | 12.70 | 25.45 |
ЈЗУ Здравствен дом | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
Дом на културата | |
PM2.5 | PM10 | 19.05 | 30.02 |
Целосен приказ
Кој е онлајн?
Во моментот: 2 посетители
Европска делегација во посета на Свети Николе