На оддалеченост од околу 5 километри од Свети Николе, во непосредна близина на с. Црнилиште се наоѓа геоглиф со импозантни димензии. Должината на геоглифот изнесува некаде околу 85-90 метри, а ширината околу 45 метри. На самото место на возвишението се наоѓаат канали со длабочина околу 2 метри и широчина 4 метри. Според истражувачите знакот којшто може да се види само од воздух односно од авион или сателитска снимка Google Earth претставува буква на Касиопеа – Македонска кралица. Ова е локалитет кој допрва треба да се истражува, и да се потврди дека во него се наоѓа гробница со претпоставка дека е гробницата на Александар Македонски.