Претставници од локалната самоуправа и директорите на јавните претпријатија предводени од градоначалникот Зоран Тасев, деновиве ги посетија месните заедници во селата Кнежје, Горобинци, Трстеник, Сопот и Преод.
Во директни разговори со жителите на селските населби се дефинираат проблемите, со цел подобрување на животниот стандард и решавање на комуналните и инфраструктурните проблеми.