Граѓанска трибина за новиот Нацрт-закон за учебници

Во амфитеатарот при ООУ ,,Кирил и Методиј “ Свети Николе се одржа Граѓанска трибина на која се дискутираше за новиот Нацрт-закон за учебници на која присуствуваа претставници од Советите на родители на сите општински основни училишта, СОУ Кочо Рацин и претставници од наставниците.Сведоци сме дека во јавноста, особено по социјалните мрежи се пласираа многу дезинформации околу овој нацрт-закон и голем дел од родителите се во заблуда за новитетите кој тој ги носи. На оваа трибина се разјаснија многу дилеми и се одговорија многу прашања кои ги засегаат родителите и наставниците.Клучни дилеми кои се разјаснија се :

– согласно новиот Нацрт-закон за учебници од следната учебна година, по нови наставни програми ќе учат учениците од прво и четврто одделение. Во изготвувањето на овие програми користени се најдобрите меѓународни искуства.

– За учениците од прво до трето одделение ќе се обезбедуваат хартиени учебници додека дигитални учебници во оваа фаза ќе ги опфати само четвртоодделенците кои паралелно ќе  имаат и печатени учебници односно доколку некој ученик има потреба од печатен учебник, училиштето каде посетува настава ќе ги обезбеди. Училиштата исто така ќе имаат обврска да обезбедат и дигитални уреди за сите ученици чии родители не се во можност да го сторат тоа. Дигиталниот учебник не претставува лекции во ПДФ формат туку мултимедијални содржини.
– Реформата на основното образование не предвидува учебникот да е основно средство за едукација и совладување на наставната материја, туку тоа да биде наставата и интеракцијата помеѓу наставникот и ученикот. Тоа значи дека најголемиот  дел од учењето ќе се одвива во училница. Работењето на родителите со децата се намалува, а учебниците ќе им служат на учениците само за потсетување на веќе совладаната наставна материја.


Родителите и наставниците беа доста конструктивни во своите излагања и дискусии. Сите нивни забелешки ќе бидат проследени до ресорното министерство за нивно натамошно разгледување.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora