Според пописот од 1994 година општината имала вкупно 18528 жители, од нив најголемиот број живеат во градот или 13292. а на селското население паѓаат 5236 жители.
Според пописот на население, домаќинства и станови во РМ од 2002 година, вкупната популација во Општина Свети Николе изнесува 18497, во градот живеат 13746 жители и во селските средини 4751 жител.
Според Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија во 2021 година, вкупната популација во Општина Свети Николе изнесува 15320, во градот живеат 11728 жители и во руралните средини 3592 жители.
Според пописот 2002 евидентирани се 5698 домаќинства и 7157 станови на територијата на општина Свети Николе. Споредбено според пописот 2021 евидентирани се 5120 домаќинства и 6812 станови на територијата на Општина Свети Николе
Според пописот од 2021 година вкупното население во општина Свети Николе од 15320 жители е населено во 33 населени места. Следниве податоци ги отсликуваат демографските карактеристики за Општина Свети Николе, добиени од Пописот 2021 година.
Некои показатели за обемот, динамиката и компонентите на вкупниот пораст на населението и густината на населеноста, Попис 1994, 2002 и 2021 година
Вкупно население – Општина Свети Николе
(со населените места кои влегуваат во состав на општината)
Споредбени податоци за бројот на население од Пописот во 1994, 2002 и 2021 година
Општина Свети Николе | Попис, 1994 год. | Попис, 2002 год. | Попис, 2021 год. |
Вкупно | 18528 | 18497 | 15320 |
Град Свети Николе | 13292 | 13746 | 11728 |
Алакинци | 13 | 5 | 3 |
Амзабегово | 557 | 543 | 428 |
Арбасанци | 4 | 1 | – |
Богословец | 2 | 4 | 1 |
Буриловци | 13 | 14 | 1 |
Горно Ѓуѓанци | 11 | 3 | 3 |
Долно Ѓуѓанци | 219 | 174 | 88 |
Горобинци | 890 | 820 | 602 |
Делисинци | 1 | 9 | 2 |
Ерџелија | 1047 | 1012 | 852 |
Кадрифаково | 180 | 163 | 150 |
Кнежје | 71 | 86 | 57 |
Крушица | 31 | 22 | 5 |
Макреш | 2 | – | – |
Малино | 68 | 45 | 20 |
Мечкуевци | 18 | 15 | – |
Мустафино | 564 | 517 | 400 |
Немањици | 282 | 201 | 75 |
Орел | 63 | 45 | 9 |
Павлешенци | 122 | 77 | 26 |
Патетино | 6 | 6 | – |
Пеширово | 244 | 247 | 256 |
Преод | 40 | 44 | 25 |
Ранченци | 67 | 38 | 25 |
Сопот | 102 | 89 | 58 |
Стануловци | 4 | 2 | – |
Стањевци | 82 | 61 | 47 |
Строиманци | 3 | 8 | 1 |
Трстеник | 52 | 41 | 24 |
Горно Црнилиште | 358 | 345 | 373 |
Долно Црнилиште | 120 | 114 | 61 |
Вкупно резидентно население во Општина Свети Николе по возраст и пол, по населени места, Попис , 2021
Вкупно резидентно население Во Општина Свети Николе според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021
Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Општина Свети Николе по населени места, Попис , 2021