Архиви

Инсталирање нови смарт водомери

Деновиве за корисниците на вода од водоводната мрежа во село Горобинци ЈКП „Комуналец“ започна со инсталирање на нови смарт водомери.   Досега, домаќинствата и другите корисници на вода од водоводот имаа проблем во дистрибуцијата на вода бидејќи во најголем дел таа се користеше ненаменски и беа регистрирани големи загуби, а голем дел на корисниците кои се наоѓаат во повисоките зони на селото, често остануваа без вода, иако според издашноста на бунарот има доволни количини чиста и здрава вода за пиење. Вредноста на овој проект е околу еден милион и 600 илјади денари со кој кај сите корисници ќе бидат поставени смарт водомери кои ќе се контролираат од еден центар и каде ќе се бележат сите загуби, дефекти и проблеми на водоводната мрежа, меѓутоа преку системот „Скада“ ќе се контролираат и ќе се исклучуваат несовесните потрошувачи. Овој систем треба да биде предаден во употреба на 12 септември каде сите интервенции ќе се извршуваат електронски од еден центар. Како што истакнува градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски, ваков проект треба да се реализира и во градот каде што ќе бидат опфатени сите домаќинства, колективни станбени згради и индустриски објекти, бидејќи придобивките се големи, а пре се ќе се реши нерационалното користење и големите загуби на вода во дистрибутивната мрежа. Овој начин на користење на водата ќе се применува и во другите населени места на општината каде ЈКП„Комуналец“ стопанисува со водоводните мрежи.

повеќе за системот скада  https://en.wikipedia.org/wiki/SCADA

 

WaterMaster

ТППЕ
muzej bylazora