Врз основа на член 50 став 1 точка 14 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на
Република Македонија“ бр.5/02), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(„Службен
весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на
Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24), во врска со член 22 и 23 од Законот за
работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09,
130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15,
72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19,
267/20, 151/21, 288/21 и 111/23) , а во врска со член 11 и 11-б од Законот за пожарникарство
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и
„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19),согласно Правилникот за
систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Свети Николе
бр.0901-218/3 од 12.09.2018 година… и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот
за систематизација на работни места во општинската администрација на Општина Свети Николе
бр. 0901-177 од 29.08.2024 година, Oпштина Свети Николе, објавува:
JАВЕН ОГЛАС бр.01/2024
За пополнување на работни места на овластени службени лица во областа на
безбедност-професионални пожарникари во редовен работен однос на
неопределено време Општина Свети Николе објавува јавен оглас за вработување на 4(четири) овластени службени лица во областа на безбедност-професионални пожарникари во редовен работен однос на неопределено време за следниве работни места:
- ПОЖ 02 10 Б04 000 Командир на одделение, Територијална противпожарна единица –
3(три) извршители
Општите услови, кои треба да ги исполнува кандидатот се:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена состоба за работното место( кандидатите за вработување треба
да бидат здравствено и психофизички способни, утврдено од овластена здравствена
установа согласно со закон) и - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија,
дејност или должност.
Посебни услови, кои треба да ги исполнува кандидатот се: - стручни квалификации: ниво на квалификациите IV според Македонската рамка на
квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку
вишо или средно образование; - работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката евидентирано во
Агенцијата за вработување на Република Македонија како работен стаж; - да има положено возачки испит од Ц категорија.
Општи работни комепетенции на средно ниво:решавање проблеми и одлучување за работи од
својот делокруг; учење и развој; комуникација; остварување резултати; работење со други/тимска
работа; стратешка свест; ориентираност кон засегнати страни; и раководење.
Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од
денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар,
издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му
престанува вработувањето.
Работното време е организирано во смени, работа во две смени од 07 часот до 19 часот и
од 19 часот до 07 часот, односно 12 часа работа, 12 часа работа,48 часа одмор.
Паричен нето износ на плата е 31.497,00 денари.
- ПОЖ 02 10 Б01 000 Командир на чета, Територијална противпожарна единица – 1(еден)
извршител
Општите услови, кои треба да ги исполнува кандидатот се:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена состоба за работното место( кандидатите за вработување треба
да бидат здравствено и психофизички способни, утврдено од овластена здравствена
установа согласно со закон) и - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија,
дејност или должност.
Посебни услови, кои треба да ги исполнува кандидатот се: - стручни квалификации: ниво на квалификациите VI/А според Македонската рамка на
квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен-
Високо образование; - работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката евидентирано
во Агенцијата за вработување на Република Македонија како работен стаж; - возачка дозвола од „ Ц“ категорија.
Општи работни комепетенции на средно ниво:решавање проблеми и одлучување за работи од
својот делокруг;учење и развој; комуникација; остварување резултати; работење со други/тимска работа; стратешка свест; ориентираност кон засегнати страни; и раководење.
Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар,
издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето. Работното време е организирано во смени, работа во две смени од 07 часот до 19 часот и од 19 часот до 07 часот, односно 12 часа работа, 12 часа работа, 48 часа одмор.
Паричен нето износ на плата е 33.115,00 денари.
Пријавата за вработување може да се превземе од веб страната на Општина Свети Николе
www.svetinikole.gov.mk и кон пријавата се поднесуваат и следните документи - Доказ дека е државјанин на Република Македонија( Република Северна Македонија),
- Доказ дека има општа здравствена состојба за работното место( кандидатите за
вработување треба да бидат здравствено и психофизички способни, утврдено од
овластена здравствена установа согласно закон), - Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана на вршење
професија, дејност или должност, - Уверение /диплома/ Свидетелства за завршен степен на образование,
- Доказ за работно искуство во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на РМ
како работен стаж - Доказ дека има положено возачки испит од Ц категорија
Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се
доставува во рок од 3(три) работни дена од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот
печат. Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите треба да
се достави во хартиена форма по пошта, на адреса: Општина Свети Николе, улица „Плоштад
Илинден“ бр.12, 2220 Свети Николе или лично во архивата на општина Свети Николе (со назнака
за Јавен оглас за пополнување на работни места на овластени службени лица во областа на
безбедност-професионални пожарникари во редовен работен однос на неопределено време).
Кандидатите се должни сите докази да ги достават во оригинал или копија заверени на Нотар.
Контакт: Општина Свети Николе ул. Плоштад Илинден бр.12 Свети Николе тел 032/444-169-
Одделение за управување со човечки ресурси.
Постапката ќе се спроведе во две фази: Административна селексија-проверка на пријава и
докази и Интервју .
Општина Свети Николе
Градоначалник
Дејан Владев