Архиви

JАВЕН ОГЛАС бр.01/2025

Врз основа на член 50 став 1 точка 14 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24), во врска со член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23) , а во врска со член 11 и 11-б од Законот за пожарникарство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19),согласно Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Свети Николе бр.0901-218/3 од 12.09.2018 година… и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во општинската администрација на Општина Свети Николе бр. 0901-131/1 од 23.01.2025 година, Oпштина Свети Николе, објавува:

JАВЕН ОГЛАС бр.01/2025 за пополнување на работни места на овластени службени лица во областа на безбедност-професионални пожарникари во редовен работен однос на неопределено време

Општина Свети Николе објавува јавен оглас за вработување на 5(пет) овластени службени лица во областа на безбедност-професионални пожарникари во редовен работен однос на неопределено време за следново работно место:

  1. ПОЖ 02 10 В04 000 Пожарникар спасител, Територијална противпожарна единица – 5(пет) извршители

Општите услови, кои треба да ги исполнува кандидатот се:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена состоба за работното место( кандидатите за вработување треба да бидат здравствено и психофизички способни, утврдено од овластена здравствена установа согласно со закон) и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови, кои треба да ги исполнува кандидатот се:

  • стручни квалификации: ниво на квалификациите IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование;
  • работно искуство: со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на Република  Македонија како работен стаж;
  • возачка дозвола  од „Ц“ или „Д“ категорија.

Општи работни комепетенции на основно ниво:; учење и развој; комуникација;  остварување резултати;  работење со други/тимска работа и ориентираност кон засегнати страни.

Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето.

Работното време е организирано во смени, работа во две смени од 07 часот до 19 часот и од 19 часот до 07 часот, односно 12 часа работа, 12 часа работа,48 часа одмор.

Паричен нето износ на плата е 30.420,00 денари.

Пријавата за вработување може да се превземе од веб страната на Општина Свети Николе www.svetinikole.gov.mk и кон пријавата се поднесуваат и следните документи:

  • Доказ дека е државјанин на Република Македонија( Република Северна Македонија),
  • Доказ дека  има општа здравствена состојба за работното место( кандидатите за вработување треба да бидат здравствено и психофизички способни, утврдено од овластена здравствена установа согласно закон),
  • Доказ дека со правосилна судска пресуда  не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
  • Уверение /диплома/ Свидетелства за завршен степен на образование,
  • Доказ за работно искуство во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на РМ како работен стаж
  • Доказ дека  има положено возачки испит од „Ц “или „Д“категорија.

Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 3(три) работни дена од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот печат. Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите треба да се достави во хартиена форма по пошта, на адреса: Општина Свети Николе, улица „Плоштад Илинден“ бр.12, 2220 Свети Николе или лично во архивата на општина Свети Николе (со назнака: за Јавен оглас за пополнување на работни места на овластени службени лица во областа на безбедност-професионални пожарникари во редовен работен однос на неопределено време). Кандидатите се должни сите докази да ги достават во оригинал или копија заверени на Нотар.

Контакт: Општина Свети Николе ул. Плоштад Илинден бр.12 Свети Николе тел 032/444-169-Одделение за управување со човечки ресурси.

Постапката ќе се спроведе во две фази: Административна селексија-проверка на пријава и докази и Интервју .

Општина Свети Николе

Градоначалник

Дејан Владев

Пријава за вработување по јавен оглас за пополнување на работни места на овластени службени лица во областа на безбедност-професионални пожарникари во редовен работен однос на неопределено време – ПРЕВЗЕМИ ТУКА.

ТППЕ
muzej bylazora