Архиви

ЈАВЕН ОГЛАС до невработени лица за вклучување во Јавни работи

  1. Се повикуваат долгорочно невработените лица, неквалификуваните невработени лица со ниско ниво на образование кои се заинтересирани за вклучување во Јавни работи за период од 5 месеци, да се пријават во Општина Свети Николе.
  1. За секое невработено лице кое ќе биде работно ангажирано во Јавни работи се предвидува надоместок во износ од 9.507,00 денари (бруто плата) месечно.
  1. Работното ангажирање на невработените лица за Јавни работи ќе се спроведува преку Општина Свети Николе во партнерство со ЈКП Комуналец, ЈП.Македонски шуми и ЈП Погребални услуги.
  1. Правата и обврските ќе се уредат со склучување на посебни договори.
  1.  За време на Јавните работи работно ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.
  1. Заинтересираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 22.06.2014 година во Општина Свети Николе.

 

   Детални информации можат да се добијат воОпштина Свети Николе, контакт телефон 032/444-169.

ПРИЈАВА

ЈАВЕН ОГЛАС

 

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora