ЈАВЕН ОГЛАС

ЈАВЕН ОГЛАС

до

невработени евидентирани лица

кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот

 

  1. Се повикуваат невработените евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд и од другите ранливи категории, кои се заинтересирани за ангажирање во сферата на социјалната заштита за потребите на граѓаните од Свети Николе, да се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување на АВРМ- Свети Николе.
  1. Ангажирањето во сферата на социјалната заштита е на определено скратено работно време во период до 6 месеци за што ќе се исплаќаат по 6.000,00 денари за лице месечно за 20 работни часа неделно со вклучени персонален данок и осигурување од повреда на работно место.
  1. Заинтересираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, може да се пријавуваат за вршење на работи и работните задачи за следните работни места:

 

  1. Ликовна уметност за најмалите 2

Општи и посебни услови:

–       Висока стручна спрема (VII/1) – Ликовна академија;

–       Да е активен барател на работа;

–       Способност за работа со деца од најмала возраст;

–       Способност за тимска работа ;

–       Комуникациски способности;

–       Организираност и самоиницијативност;

–       Со или Без работно искуство во струката.

  1. Туристички работник

Општи и посебни услови:

–       Висока стручна спрема (VII/1) – (Факултет за туризам или Историја на уметност, Археологија, Историја, Етнологија, Економски факултет – Маркетинг, Web Дизајн);

–       Способност за работа во динамична атмосфера;

–       Способност за тимска работа и работа под притисок

–       Комуникациски способности;

–       Со или Без работно искуство во струката

 

Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат до 23.05.2014 година во Центарот за вработување Свети Николе, формулари за аплицирање може да се подигнат во Центарот за вработување Свети Николе, секој работен ден од 8 и 30 до 16 и 30.

Детални информации можат да се добијат во работниот клуб на Центарот за вработување на Свети Николе, каде лицата се евидентирани како невработени, контакт центарот 032/443-920.

 

ЈАВЕН ОГЛАС

 

 

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora