ЈАВЕН ПОВИК: Изготвување на Нацрт буџет за 2015 година

ЈАВЕН ПОВИК

            Се известуваат сите заинтересирани Здруженија на граѓани и фондации, како и спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот дека Општина Свети Николе започна со изготвување на Нацрт буџетот за 2015 година. 

Од тие причини доколку сметате дека Вашите предлог проекти треба да бидат вклучени во истиот, потребно е да доставите комплетна документација во општината до 20.11.2014 година.

            Согласно Одлуката бр. 0701-686 од 31.10.2008 год. здруженијата на граѓани и фондации потребно е да достават:

–       Комплетна документација од извршена регистрација и Статут;

–       Годишна програма за работа;

–       Наративен и финансиски извештај за последните две години (доколку постојат подолг временски период)

–       Листа на реализирани проекти домашни и меѓународни и заеднички проекти со општината;

–       Формулар за аплицирање- кој може да се подигне од Канцеларијата за локален економски развој или од ВЕБ страната на општината.

Согласно Одлуката бр.0701–631 од 29.09.2008 год. спортските клубови и другите форми на здржување во областа на спортот потребно е да достават:

–       Соодветна документација за извршена регистрација, согласно позитивните законски прописи;

–       Годишна програма за работа;

–       Поднесување на извештај за работа во последните две години (се однесува на клубови кои постојат повеке од две години) како и извештај за потрошените средства;

–       Лига во која се натпреваруваат спортските клубови;

–       Број на деца и млади до 14 години и доприносот за унапредување на здравјето и спортскиот дух кај младите генерации.

 

Дополнителни информации можат да се добијат во Канцеларијата за локален економски развој во општината, кај лицата Ивица Арсов и Ивана Јорданова или на тел: 032/444-169, како и на ВЕБ страната www.svetinikole.gov.mk

НАПОМЕНА: Во буџетот ќе бидат вклучени проектите поднесени од оние организации кои ќе ги исполнат критериумите согласно претходно наведените Одлуки.

 

Превземи документи:

 

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora