Кинеската компанија Синохидро од вчера ги започна градежните работи за изградбата на автопатот Миладиновци –Штип на делницата од Свети Николе кон Миладиновци кај месноста Кантонче, каде е предвидена клучка за влез и излез од градот. За изведување на градежните работи покрај вработените на компанијата Синохидро ќе бидат ангажирани и лица и градежни компании од нашава општина, како што е АГП која веќе ја вклучи тешката механизација за пробивање на трасата од автопатот.