Етно групата „Монистра“ синоќа во салата на Домот на културата „Крсте.П.Мисирков“ во Свети Николе одржа целовечерен концерт, пред бројните љубители на традиционалната македонска музика. „Монистра“ пред светиниколската публика се претстави со композиции од најновиот албум во кои доминираат обработки на песни во етно стил каде доминира неправилната ритмика, и кој е препознатлив белег на македонската музика. Еден ипол час публиката уживаше во настапот на членовите на „Монистра“ и прекрасниот глас на нивниот вокал Габриела Јанушевска, наградувајќи ги со голем аплауз. На концертот покрај големиот број граѓани присуствуваше и градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски. Инаку, овој концерт е реализиран со поддршка на министерството за култура и домот на културата од Свети Николе преку проектот „ Нов културен бран“.
Скорешни написи
- Граѓаните на Свети Николе добија пешачка и велосипедска патека, средствата се неповратен грант од Програмата за рурален развој
- Објава за оттуѓување на градежно земјиште
- Свети Николе место со најголеми инвестиции во државата во производство на т.н. зелена енергија
- 64-та Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Инсталирани мерни станици за квалитет на воздухот
Квалитет на воздухот
Моментални вредности:
Агенција за вработување | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
ООУ „Гоце Делчев“ | |
PM2.5 | PM10 | 16.02 | 36.00 |
СОУ „Кочо Рацин“ | |
PM2.5 | PM10 | 11.40 | 24.88 |
ЈЗУ Здравствен дом | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
Дом на културата | |
PM2.5 | PM10 | 25.10 | 55.95 |
Целосен приказ
Кој е онлајн?
Во моментот: 1 посетители
Концерт на „Монистра“