Општинската организација на Црвениот крст и Републичкиот завод за трансфузиологија од Скопје, во Свети Николе организираа вонредна акција за доброволно дарување на крв. Како што истакнуваат од општинскиот Црвен крст, светиниколските крводарители се едни од најактивните во нашава земја и секоја година го надминуваат планот на собрани крвни единици со неколку десетици проценти. Инаку, според годишниот план се предвидени четири дводневни акции и неколку вонредни, со што се надминува границата од илјада крводарувања. На денешната акција учествуваше и градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски кој е повеќекратен дарител со над 80 пати дарувана крв.