Со поддршка на Локалната самоуправа и градоначалникот на општина Свети Николе, по девети пат во одморалиштето Братство –единство во Стар Дојран беше организиран летен камп за лицата од дневниот центар за лица со пречки во развојот од Свети Николе. Околу 15 штитеници од дневниот центар заедно со свои придружници, во најголем број нивни родители, седум дена учествуваа во активностите што се организираат на брегот на Дојранското езеро. Преку разни содржини имаат можност да се забавуваат, да се едуцираат, да се дружат и да се капат во водите на езерото. Градоначалниот на општина Свети Николе, Сашо Велковски, ги посети, подарувајќи им пригодни подароци, ги слушна нивните импресии и потврди дека овој камп ќе продолжи да се одржува и во наредните години збогатен со нови содржини. Штитениците од дневниот центар и нивните родители се задоволни од условите на сместување, храната и активностите кои се реализираат во летниот камп „Дојран 2018“.
https://www.youtube.com/watch?v=Ui4RHuGLP_U&feature=youtu.be – извор www.tvsvet.com.mk