Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денес престојуваше во работна посета на општина Свети Николе. Во рамките на посетата министерката Јанкуловска присуствуваше на предавање за „Превенција против наркотични средства “ што ја организираше полициската станица од Свети Николе за учениците од средното општинско училиште „Кочо Рацин“. Како што истакна министерката Јанкуловска Општина Свети Николе е една од најбезбедните и најмирните локални самоуправи во источниот дел на Македонија, што се однесува во однос на јавниот ред и мир. Градоначалникот Зоран Тасев во своето обраќање истакна дека за епитетот „најмирна општина“ потребно е да се работи на едукација на населението и заеднички со полицијата превентивно да се делува во сите сегменти на општественото живеење.
Скорешни написи
- 15-та Седница на Советот на Општина Свети Николе
- 14-та Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Јавен повик – Општо корисна работа
- Одлука за избор на кандидат по Интерен оглас број 01/2022
- Соопштение за прскање против комарци
Кој е онлајн?
Во моментот: 4 посетители
Министерката Јанкуловска во посета на Свети Николе
Квалитет на воздухот
Моментални вредности:
Агенција за вработување | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
ООУ „Гоце Делчев“ | |
PM2.5 | PM10 | 2.13 | 3.88 |
СОУ „Кочо Рацин“ | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
ЈЗУ Здравствен дом | |
PM2.5 | PM10 | 2.17 | 4.70 |
Дом на културата | |
PM2.5 | PM10 | 1.15 | 3.90 |
Целосен приказ