Министерката за образование и наука Мила Царовска во официјална посета на општина Свети Николе

Денес во официјална посета на општина Свети Николе беше министерката за образование и наука Мила Царовска.Во рамки на посетата , извршивме увид во градежните работи што се одвиваат во СОУ„Кочо Рацин“ и во ученичкиот дом при училиштето.Благодарејќи на финансиската подршка на МОН , во износ од 25 милиони денари, за прв пат во историјата на нашата општина , по долги години се реализира значаен проект за обезбедување на услови за учење и за престој на нашите ученици. Извршена е потполна реконструкција на кровот , а во тек се градежните зафати водовод, канализација , тоалети, плафони, интернет , замена на прозори и врати , парно греење.Со оваа инвестиција и подобрување на условите за престој, ќе можеме да привлечеме поголем број на ученици во училиштето и истото повторно да стане центар на образовниот процес од нашиот регион.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora