Министерот за здравство Никола Тодоров, вчера ја посети општина Свети Николе. При тоа оствари средба со градоначалникот на локалната самоуправа Зоран Тасев, со преставници на невладини здруженија и со граѓани. Покрај тоа, министерот Тодоров го посети градилиштето на кинеската компанија Синохидро во месноста Кантонче од каде започна пробивањето на трасата на новиот автопат од Свети Николе кон Миладиновци.