Локалната самоуправа и градоначалникот на општина Свети Николе, Зоран Тасев и оваа година, традиционално, по повод новогодишните и божиќните празници за сите деца во детските градинки, за основците до петто одделение и на децата од социјално ранливите семејства, обезбеди над 1200 новогодишни пакетчиња. Оваа акција е поддржана од компанијата за кондиторски производи „Леона“ од Свети Николе.