По објавениот конкурс за изработка на симболи на општината, Свети Николе е една од ретките општини во Македонија која според хералдичките правила, го усвои новото решение за грб и знаме. Од пристигнатите предлози советниците го избраа решението кое го претстави Стојанче Величковски хералдичар, кој долги години се занимава со оваа наука. Идејното решение содржи три грба кои ќе бидат во употреба во општината и знаме кое ги содржи боите на овчеполието, зелена и жолта. Се очекува во најскоро време, новите симболи да бидат вградени во официјалните документи на општината.