Ротари клубот од Свети Николе покрај бројните активности во текот на годината, за најмладите од нашава општина, односно учениците од основните училишта, во соработка со детскиот театар „Крикнод“ од Скопје, ја организираше „Новогодишна желба“ театарска претстава, која се одржа во салата на Домот на културата. Како што истакнува претседателот на Ротари клубот Ангел Димитров, во наредната година повторно ќе организираат претстави за децата од Свети Николе и се надева дека ова ќе прерасне во традиција и секоја нова година ќе биде организирана слична забава за најмладите.