По повод новогодишните и божиќните празници локалната самоуправа на Општина Свети Николе обезбеди околу 1300 слатки новогодишни пакетчиња за сите ученици од основните училишта од Општината како и за девата од детските градинки. Традиционално како и секоја година, Градоначалникот Сашо Велковски пакетчиња додели на штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби, додека за 300 корисници на социјална и постојана парична помош од Општината беа обезбедени прехрамбени пакети.