Со пригодна програма организиран од лицата со посебни потреби, штитеници на дневниот центар во Свети Николе, денес беше одбележан светскиот ден на лицата со хендикеп. На свеченоста присуствуваше градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски, кој во името на локалната самоуправа им го честиташе празникот и им подари табла за кошарка, која штитениците ќе ја користат за спортски активности.