По повод Светскиот Ден на Здравата исхрана се одржаа повеќе активности во училиштата во општина Свети Николе.
Во просториите на СОУ Кочо Рацин се одбележа под мотото “Здрава храна – здрави навики – здрав живот”. Вработените и учениците од СОУ Кочо Рацин – Свети Николе активно се вклучија во организацијата како и во приготвувањето на храната. Беа застапени и продукти од сопствено производство на училиштето. Свој придонес,
за денешниот ден да биде успешен,дадоа: “Мечкуевска куќа – Пуже”, “Лион”, пекара “Шиткарски” и МСУ “Гаврило Романович Державин”.
Освен вработените и учениците од СОУ “Кочо Рацин” – Свети Николе на настанот присуствуваа претставници од локалната самоуправа, нутриционистот Цвета Динева, но посебна чест беше присуството на наставниците и учениците од ООУ “Кирил и Методиј”, ООУ “Гоце Делчев” од Свети Николе, ООУ “М.М.Брицо”-Лозово и ООУ “Даме Груев”-с.Ерџелија.
Активностите потоа продолжија во основните училишта.