Одбележани 118 години од смртта на нашиот револуционер Гоце Делчев

По повод 118 години од смртта на нашиот револуционер Гоце Делчев, воедно и патронат на ООУ Гоце Делчев од Свети Николе , оддаваме почит и се поклонуваме пред неговиот лик и дело, со полагање на свежо цвеќе на спомен бистата во училиштето.
Воедно, на скромната свеченост согласно протоколите за заштита од Ковид-19, на учениците на генерацијата и гордост на генерацијата им беа доделени дипломи и  поклони за постигнатите успеси  за време на школувањето во училиштето. Упатуваме честитки до сите наградени ученици со желби да продолжат во иднина да постигнуваат врвни успеси на секое поле.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora