По повод 118 години од смртта на нашиот револуционер Гоце Делчев, воедно и патронат на ООУ Гоце Делчев од Свети Николе , оддаваме почит и се поклонуваме пред неговиот лик и дело, со полагање на свежо цвеќе на спомен бистата во училиштето.
Воедно, на скромната свеченост согласно протоколите за заштита од Ковид-19, на учениците на генерацијата и гордост на генерацијата им беа доделени дипломи и поклони за постигнатите успеси за време на школувањето во училиштето. Упатуваме честитки до сите наградени ученици со желби да продолжат во иднина да постигнуваат врвни успеси на секое поле.