Одбележување на меѓународната кампања 16 дена активизам за борба против насилство врз жените“

Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените се прославува низ целиот свет на 25 ноември, и воедно означува почеток на 16 Дена Активизам против родово-базирано насилство.

По таа пригода Општина Свети Николе, заедно со Организацијата на жените на Општина Свети Николе како и Волонтери од СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе, во Саботата 30.12.2013 во периодот од 10 до 12 часот на Градскиот Плоштад, ја обележа оваа иницијатива со делење на розови панделки – меѓународниот симбол на борбата против семејното насилство, промотивни материјали флаери, како и собирање на потписи за иницијативата НЕ за Семејното насилство.

Семејното насилство е еден од најсериозните проблеми на денешницата. Тоа не смее да биде приватен проблем кој се случува зад затворени ѕидови во еден дом. Оттука, сите владините институции, локалните самоуправи, невладините организации и граѓаните партнерски преку заедничка акција можеме и мораме да  се обединиме кон стандарди на однесување и висок цивилизациски степен на комуникација помеѓу мажите и жените, да се обединиме против семејното насилство.

Анализата покажува дека оние кои се жртви на семејно насилство се порано се охрабруваат да зборуваат и да го пријават насилникот, во тие случаи институциите можат порано да се вклучат во решавање, што само по себе значи поголем успех и поголем степен на интегрирање на жртвите во општеството.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora