Во организација на општинската организација, ТППЕ и републичкиот Противпожарен сојуз денеска во Свети Николе се одржа регионален натпревар на кој учествуваа екипи од Свети Николе, Куманово, Пробиштип,Радовиш и Кратово. Младите пожарникари се натпреваруваа во две категории, јуниори и кадети. На 30- тиот регионален Противпожарен натпревар во кадетска конкуренција најуспешна екипа е Пробиштип, додека во Јуниорска конкуренција првото место го освои екипата на градот домаќин Свети Николе. Државниот противпожарен натпревар ќе се одржи во месец декември во Кочани.