По повод претстојното светско фудбалско првенство кое ќе се одржи во Бразил, Данската фудбалска организација CCPA, Канцеларија Скопје во соработка со фудбалскиот клуб Овче Поле на градскиот стадион во Свети Николе , го организираа годинашниот Кока-кола Куп натпревар. Околу 70 ученици од основните и средните училишта се натпреваруваа на зелениот терен за постигнување подобри резултати, како и за популаризација на најважната споредна работа на светот – фудбалот.
Екипа од 20 фудбалери од Свети Николе наредната недела ќе се натпреваруваат на турнирот Кока кола ден во Скопје на кој ќе учествуваат екипи од сите општини во нашава земја.